Регионалната средба на хортикултурни библиотеки
Регионалната средба на хортикултурни библиотеки Битола од 19-21 април 2022. г. Библиотеките од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска и за прв пат од Црна Гора, ќе имаат прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.
ХОРТИКУЛТУРНИ БИБЛИОТЕКИ – РЕГИОНАЛНА СМОТРА 19-21.04.2021 Битола (Северна Македонија)
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од 2017 г. активно учествува во промоцијата на хориткултурни библиотеки и со задоволство ја прифати поканата на иницијаторот за организација на Регионалниот собир на хортикултурни библиотеки. Битола е град во непосредна близина на Националниот парк Пелистер, така што има голем потенцијал за развој на нови хортикултурни содржини во библиотечната дејност. Библиотеките во нашата држава со својата местоположба можат да го развиваат овој нов библиотечен концепт и да им ги понудат новите содржини на своите корисници.
Хортикултурни библиотеките ќе имаат прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.
Вторник, 19.04.2022
НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола
Среда, 20.04.2022.
Хотел "Молика" во нац.парк ПЕЛИСТЕР
Четврток, 21.04.2022
НУ Библиотека „Глигор Прличев“ Охрид
PRESS CLIPPING