Проект Хортикултурни библиотеки МК
Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола од 2017 година со поддршка од Министерство за култура во рамките на годишните програми, активно учествува во промоцијата на хортикултурните библиотеки, која со задоволство ја прифати поканата на иницијаторот Мирко С. Марковиќ, консултант библиотекар и менаџер на мрежата на хортикултурни библиотеки од Р. Србија, за воведување на нови иновативни библиотечни програми кои придонесуваат за поголема препознатливост и влијание во средината. Библиотеките во Македонија на тој начин стануваат дел од активностите на повеќе држави од регионот кој се дел од проектот.