БИТОЛА МК. 22.05.2024

ЧАЈЕТИНА 21-22.05.2024.

БГБ 15.05.2024.

БИТОЛА  МК.  04.09.2023

ЗЛАТИБОР   20.05.2023.

БИТОЛА 19.04.2022.

ЧАЈЕТИНА  20.05.2020.

ЛАЗАРЕВАЦ 10.10.2019.

БЕОГРАД 18.06.2019.

МАГЛАЈ 13.03.2019.

НБС - 03.12.2018.

ЗВОРНИК - 19.11.2018.

НИШ -15.10.2018.

КИКИНДА - 10.10.2018.

ВРУЈЦИ30,31.05-1.06.2018.

ЧАЈЕТИНА 18-21.05.2018.

ВРШАЦ  01.03.2018.

 

 

Средба на хортикултурни библиотеки С.Македонија

Присуство и учество 37 библиотекари во НУ Универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски"- Битола на Регионална средба на реализацијата на повеќегодишниот проект ,,Хортикултурни библиотеки" - Средба на хортикултурни библиотеки. Учествувавме во промовирањето на новите концепти и услуги во библиотеките, во средини каде библиотеките се препознаени како активен учесник во заедницата. Од неколку библиотеки ни беа презентирани примери и воедно споделивме добри практики на темата Хортикултурни библиотеки. По примерот на своите колеги од регионалната мрежа на Хортикултурни библиотеки, библиотекарите од Битола, јавните и училишните библиотеки споделуваат искуства од креирање на иновативни и креативни библиотечни програми поврзани со подигање на свеста за користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника, уредување животната средина и менување на заедницата спрема пораките на УНЕСКО Агенда 2030 и целите за одржлив развој.

На средбата беа презентирани најновите трендови од библиотечното работење, работа со проекти и можни извори на финансирања, дисеминација на проектите, дигитални решенија на библиотечни содржини, работа и комуникација со корисниците и уште многу други теми кои произлегуваат од секојдневието на библиотекарите.